(ВИДЕО) СДММ Штип: Студентскиот парламент при УГД се претвори во криминално дувло

0
1487

Screenshot_310

Кривичната пријава поднесена против претседателот на Студентскиот парламент при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, само го потврдува тоа што го говориме во континуитет. Овој студентски лидер наместо да ги штити правата и интересите на студентите ја злоупотребувал својата службена положба и овластување, вели Никола Рилак, претседател на ЛК СДММ Штип.

Горан Стаменков на правни лица противправно им исплатил над 5 милиони денари. Противправно за себе присвоил над 500 илјади денари?!

Да не заборавиме дека станува збор за студентски лидер со истечен мандат, нелегитимен, а неговото криминално работење е потврда зошто ја узурпирал претседателската функција и работел на штета на Студентскиот парламент.

Сакаме да потсетиме, дека студентите при УГД Штип се обврзани да плаќаат за Студентскиот парламент. Студентите даваат свои пари за заштита на нивните права. Се потврди дека се било измама.

Студентскиот парламент од организација што треба да ги штити студентските права се претвори во криминално дувло, често пати сервилно и контролирано од власта во заминување.

Токму Стаменков минатата година се обидуваше да ги опструира студентските протести, ги повикуваше студентите да не излегуваат на протест, а сега гледаме чии интереси штител.

Младите во Македонија одамна се разбудија. Се борат за своите права, не се плашат да говорат, да протестираат.

СДММ поддржува и се залага за вистинска департизација на студентските движења. Да бидат независни, надвор од партиските стеги и влијанија.