(ВИДЕО) СДММ: Молкот на Ѓорчев за хонороарите на жена му од 1000 евра го потврди скандалот

0
1538

R.Jajoska-735x400Втор ден ВМРО-ДПМНЕ и пратеникот Влатко Ѓорчев молчат за непријавените хонорари од 1.200 евра месечно за неговата сопруга преку Министерството за надворешни работи.

Додека студентите живеат во лоши услови, со печурки во влажните соби и лебарки во храната, функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се богатат со парите на граѓаните.

Зошто пратеникот Влатко Ѓорчев не ги пријавил во Анкетниот лист хонорарите на неговата сопруга од 1.200 евра месечно?

Има ли и друг непријавен имот Влатко Ѓорчев?

Очигледно, молкот на Влатко Ѓорчев и ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека е фатен во непријавени финансии коишто му создале приходи од околу 15.000 евра годишно.

Државната комисија за спречување на корупција досега за ништо не реагираше а гледаме дека молчи и за овој скандал.

Наместо со молкот да ги штити функционерите од ВРМО-ДПМНЕ Комисијата има законска обврска за оформи предмет за Влатко Ѓорчев и да ја информира јавноста за тоа.

Овој пример со непријавените приходи на Влатко Ѓорчев уште еднаш покажува дека селективна правда е неправда и дека законите мора да важат за сите подеднакво.

Аболицијата мора целосно да биде поништена. Секој што го прекршил законот да одговара.