(ВИДЕО) СДММ: Вака изгледа студентскиот хорор во „Стив Наумов“

0
1314

„Студентите во студентскиот дом „Стив Наумов“ со страв одат во тоалет, се тушираат со ладна вода со отворени врати.

Во мизерни услови, под секое човечко достоинство живее нашата младина!

timthumb-php

Од оваа година власта ги контролира и студентските оброци кои се сведени на два во денот. Често нема доволно оброци за сите студенти па тие мораат сами да се снаоѓаат.

timthumb-php

Студентите ги бараат и своите платежни бонови, со кои може да купат храна, затоа што електронската картичка не е гаранција дека ќе го добијат трошниот студентски оброк!

213

Срамно е власта да се фали со два реконструирани павилјони кои прокиснуваат после првиот дожд и студентите се опкружени со влажни и мувлосани ѕидови.

Студентскиот хорор и мизерните политики за млади на ВМРО-ДПМНЕ и обвинетиот Груевски стануваат минато!

timthumb-php

По 11 декември студентите ќе добијат целосно реконструирани, модернизирани студентски домови“, изјави Дарко Каевски, потпретседател на СДММ.