(ВИДЕО) Саше Политико го начека Ивица Коневски паркиран на тротоар, го праша дали е точно дека има 2,5 милиони евра

0
2515

Саше Ивановски – Политико продолжи со пресретнување на политичари на улица и поставување незгодни прашања. Денеска во 10 часот го начекал градоначалникот на општина Аеродром и кандидат за нов мандат Ивица Коневски, паркиран на тротоар, како оди на работа.

Го прашуваше дали е точно дека има капитал од 2,5 милиони евра, за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на општината, за тоа дали се плаши од ревизија на работењето во општината. Коневски се пожали дека Ивановски се однесува како натрапник.