(ВИДЕО) РУСИТЕ УШТЕ ГИ ЧЕКАМЕ – БОМБА НА ЗАЕВ: Вчера легнаа 80 милиони евра на сметката на буџетот, солидарноста на ЕУ е поттик за нашето идно работење

0
1599

Земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементација на веќе донесените закони и постоечки механизми. Јас како премиер заедно со министрите од анализата на наодите од Извештајот на Европската комисија ќе ги искористиме укажувањата на ЕК за проверка на нашите акциски планови и стратегии од првиот кластер од поглавјето за преговори посветен на темелните вредности, порача денеска премиерот Зоран Заев на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархејљ кој е во посета на Северна Македонија.

Посочи дека во Извештајот е нотирано оти земјата во многу области има постигнато високо ниво на усогласеност со европското законодавство и оти се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати.

Двата документа што вчера ги објави Европската комисија, според Заев, се придонес кон создавање на силен политички момент за уште еден исчекор на европската агенда на нашата земја.

– Особено важен момент е што Извештајот на ЕК се објавува во период на реафирмирање на европските чекори и програмата на новата Влада и претставува одлична алатка за прецизно дефинирање на приоритетите и секториските планови во наредниот период, рече Заев.

Посебно важен за него е економско-инвестицискиот план за Западен Балкан за кој, како што рече, најголема заслуга има еврокомесарот Вархељ. Овој пакет, смета премиерот, е од големо значење за приватниот сектор, за енергетските проекти и за транспортното и желесничкото поврзување на регионот и претставува вистинска мотивација во следниот период регионот да испорача уште повеќе резултати.

– Благодарни сме што многу важни проекти за Северна Македонија ќе бидат поддржани со овој план. Изразувам благодарност до Европската унија и за несебничната помош која ни беше дадена за време на Ковид кризата која се уште трае. Вчера легнаа 80 милиони евра на буџетот, а останатите 80 милиони евра во следниот период. Солидарноста на дело на ЕУ е поттик за нашето идно работење, истакна Заев

Европската комисија вчера ги објави двата исклучително важни документи за европската агенда на Северна Македонија: Годишниот пакет за проширување кој го вклучува годишниот Извештај за процесот на пристапување на земјата во ЕУ, како и Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан.