(ВИДЕО) Репортажа на 24 Вести: Стајковци навечер, сон покрај кал и влага

0
1369
Една свеќа за целото семејство. Ваква е состојбата на терен навечер меѓу најпогодените од страотното невреме во саботата кога стихијата мештаните ги дигна на нозе.
Некогашната спална, сега изгледа како напуштен подрум. Покрај подот во просториите, дупки, за водата полесно да истече, пренесува 24Вести.
Каллив пат, наместо асфалт. Во домовите на жителите на селото Стајковци и околината, наместо светилки, свеќи. Во такви услови се обидуваат да заспијат, но влагата ги попречува. Просториите ги проветруваат и апелираат до надлежните да дојдат и да им помогнат.
Ја посетивме улица 11 која е една од најпогодените. Жителите се пожалија дека надлежните дошле на терен, но кај нив со празни раце.
Велат, ако не појдат до сред село за да земат помош, нема кој да им донесе. Во солзи раскажаа дека сета покуќнина ја изгубиле.
„До овде имаше вода (покажува) едвај спасивме душа. Телефоните ги оставивме, само за да спасиме душа. Се качивме горе на терасата за да гледаме водата како иде, наеднаш, катастрофално. Немам ништо се ми е веќе изгубено“, вели жител на Стајковци.
Велат, тука тешко ќе се живее, благодарни се зашто успеале да преживат. Калта во домовите ги натерало покуќнината да ја изнесат во дворовите. Спијат по два – три часа, за утре со нови сили да ги дочистат домовите.
Целата репортажа ОВДЕ