(ВИДЕО) Ременски: Институциите да преземат поголема одговорност за ситуациите во прифатните центри

0
1317

F.Remenski-685x320Една од клучните активности во денешнава целодневна посета на општина Куманово со повеќе активности е посетата на прифатниот транзитен центар Табановце. Го посетуваме неколку пати, сме во дневна комуникација со регионалниот координатор на центарот за управување со кризи, нашите ангажирани луѓе од Министерството за труд и социјална политика, по однос на сите активности коишто се изведуваат тука и коишто се во тек, рече Фросина Ременски, министерка за труд и социјална политика.

Во моментов состојбата во транзитниот центар е повеќе од она што е можен капацитет во кампот, односно станува збор за присутни повеќе од 1400 лица, коишто дел се сместени во кампот, дел се на граничниот камен. Меѓутоа сите субјекти коишто работат на хуманиот третман и грижата за луѓето во кампот се грижат тие да бидат снабдени со храна, со топол оброк, да имаат услови за одржување на лична хигиена, да им биде пружена медицинската помош којашто им е неопходна.

Меѓутоа една од причини зпшто денеска сум тука е и да изразам надеж дека состојбите ќе се решаваат на начин на којшто ќе биде одлучено и на денешниот Самит, меѓутоа и во координација на институциите задолжени за регулирање на активностите во прифатните центри и во Табановце и во Винојуг, да ја ублажат маката на луѓето кои денеска се сместени тука.
Она што е примарен акцент во идните активности коишто треба да бидат превземени во соработка со сите субјекти во транзитните центри е обидот да се направи поделба во бројчаната состојба помеѓу прифатниот центар Табановце и прифатниот центар Винојуг Гевгелија за да може да се растерети притисокот на Табановце, а да се обезбедат похумани услови за сместување на лицата во транзитните центри.

Се прават значи анкети во рамките на прифатните центри, по основ на доброволност, за префрлање односно сместување во кампот во Винојуг,за да може да ставиме акцент пред се на доброволноста, без притоа некој да биде приморан да мигрира од кон југ без да му биде обезбедена гаранција дека ќе биде сместен и дека ќе ги добие истите услови.
За жал доброволноста е слаба, станува збор за деновиве, значи имаме 20-тина луѓе кои прифатија доброволно да бидат сместени во транзитниот центар во Винојуг, меѓутоа оваа бројка сигнализира дека е неопходно активирање на таа активност на сите субјекти тука за да може да се обезбеди, да се растерети притисокот во Табановце.

Дополнително, сакам да истакна дека во координација со Црвениот крст, Министерството за труд и социјална политика деновиве ќе се јави како носечки субјект во набавката на топлите оброци за лицата кои се во транзитните центри. Користиме грант од Европската банка за развој по однос на набавка на храна за цела 2016 година така што во голем дел и теретот со снабдување со основни и потребни намирници за храна на лицата во транзитните центри ќе ја преземе Министерството за труд и социјална политика без притоа да ги исклучиме сите останати невладини организации коишто донираат храна и се нашле во најтешките моменти за луѓето кои обезбедуваат грижа за лицата во транзитните центри.

Во оваа прилика покрај благодарноста до донаторите коишто дневно интервенираа и овозможуваат услови и средства за сместување на лицата во кампот, сакам да изразам и голема благодарност со невладините организации, на сите вклучени во овој процес на регулирање на бегалската криза и грижата за луѓето за ранливите категории, за децата, за жените, за ранливите категории, за сите оние коишто им е неопходна помош, заради тоа што покажаа дека во клучните моменти беа први на браникот на оваа криза, наспроти реакцијата на државата којашто беше задоцнета во овој дел.

Така што редно е државните институции да преземат поголем дел од одговорноста за ситуациите во прифатните центри и за тоа се залагаме.

Во контекст на ова исто така сакам да истакнам дека денеска на работната средба со градоначалникот на општината Куманово договоривме еден поголем инфраструктурен проект, повторно благодарение на донација од меѓународни организации коишто ќе се однесува на населеното место Табановце, односно инфраструктура во канализација, за цело Табановце во којшто ќе биде опфатен и транзитниот центар као еден вид на внимание и изразена грижа не само за прифатнииот центар туку и за месното население коишто има соевидни реперкусии по однос на целокупното функционирање на кампот, но досега покажа инзворедна хуманост, солидарност со маката на овие луѓе и ние како држава, како општина, како институции треба да имаме слух за нивните потреби.