(ВИДЕО) РАЗОРНА БОМБА НА СОВЕТНИКОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ, ПОПОВСКИ: Илузија е дека некој ќе направел подобар договор од овој со Грција!

0
1756

Академикот Владо Поповски смета дека Македонија не можела да добие подобар договор во спорот со Грција. Впечатливо е дека академикот кој на последните избори стана советник во Град Скопје како носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ вели дека Владата на Зоран Заев имала голема храброст и повлекла ваков чекор.
Ставот Поповски го соопшти на брифингот на МАНУ на која покрај него беше и академикот Владо Камбовски но и поранешниот амбасадор Нано Ружин.

– Апсолутно сметам дека не можеше подобар договор да се направи. Флоскулата во нашата јавност дека некој друг кога би бил би склучил подобар договор е илузија и може да се каже дека во ова време нема позитивна улога со оглед на целта, особено кога нема конкретизација што предлага и на кој начин тој би можел да постигне – вели Поповски, кој рече дека ќе излезе и ќе гласа на рефефрендумот иако би можело да се разговара за некои прашања од договорот.

Само оваа Влада се осмели да исчекори, посочува академикот, потенцирајќи дека дека тоа е максимум што Република Македонија во овој момент може да добие, а дополнително да си го отвори патот кон ЕУ и НАТО.

 – Се согласувам со коректноста на толкувањето на академикот Владо Камбовски за карактерот на овој договор. Единствено може да се постават некои прашања. Ова е императивно задача дадена од ОН. Што би било ако странките не ја исполнат таа обврска. ОН немаат санкција во тој случај – рече Поповски.

Академикот посочи дека во овој договор има рок до крајот на 2018 година, што е мошне интересно од правен аспект.

– Што ако не се исполни рокот, што ако се случи во јануари или февруари 2019. Дали е ова преклузивен рок? Тоа значи ако не се исполни до тој рок тогаш нема обврски ни на едната ни на другата страна. Во тој случај нема договор, а остануваат оние правни акти што претходно постоеле резолуциите на ОН, привремената спогодба итн – вели Поповски. Потенцира дека во таа смисла Македонија нема да падне во вакуум во однос на правните акти туку влегува во една неизвесност во политичка смисла на зборот.

Во хиерархијата на интересите Македонија на прво место мора да го стави НАТО и ЕУ, смета академикот, за да не останеме како што вели, во една неизвесност која што многу реално ја доведува во прашање одржливоста на Република Македонија и мирот, којшто е фактор не само за нас туку и за регионот и за европскиот мир. Смета дека Македонија има меѓународна поддршка, но таа може толку поради високонапонскиот национализам што е лесно раздразлив и различен од концептот на Македонија за државност, за мултиетничност…

– Она што министерот Димитров кажува: Мораме да ја сватиме осетливоста и на грчката нација. Врз тој агрегат на тој високонапонски национализам политичките партии таму практилно ја градат својата позиција во политиката и оваа политичка гарнитрура на Ципрас која што исчекори и го потпиша овој договор е извонредно позитивен чекор толку колку што Грција можеше да изнедри позитивен однос кон ова прашање, со оглед на сите овие решенија – вели Поповски.

Овој приоритет треба што помасовно да се почитува и да се прифати Договорот од Преспа.