(ВИДЕО) Радмила Шекеринска среде Телевизија 24 ги ШОКИРА ЛУДАЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ : Може да се случи Илија Димовски да го следи примерот на Оливер Андонов

0
5327

,,Бидејќи ВМРО ДПМНЕ така се поставува и ние како парламентарно мнозинство така ќе се поставиме во иднина. Сега од Трајко Велјановски зависи дали ќе го закаже продолжението на конститутивната седница или не . Утре парламентарното мнозинство може ќе одлучи дека некои комисии ќе имаат и нов состав. Можеби ќе се случи Илија Димовски да го следи примерот на Оливер Андонов, тој беше министер  за внатрешни со најкус мандат, може Димовски сака да  му се приближи со рекорд“…изјави Радмила Шекеринска .

Клучното прашање е кој ќе биде претседател на Собрание за да може да закажува седници и да функционира и после извесен период да избере нова Влада.

 Во овој момент наша цел е да се стави крај на блокирано и затворено собрание и наша цел е тоа да се случи и ќе преземеме се тоа да се случи. Ако одлучи парламентарното мнозинство тогаш Димовски ќе биде претседател на комисија за избори и именување-рече заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска во емисијата на Тв 24 Отворено.