(ВИДЕО) Прентовиќ: Цената на пченицата падна на 5 денари – ВЛАДАТА МОЛЧИ!

0
1066

Изјава за медиуми на Татјана Прентовиќ, претседателка на Комисијата за земјоделство на СДСМ

prentovik-selo-bucim-700x400

Денеска по средбите со земјоделците од Крушево, Кривогаштани и Прилеп се потврдува фактот дека секоја наредна година е се потешка и понеодржлива за земјоделците.

Земјоделците се соочуваат со ниската откупна цена на пченицата и млекото, а дополнително во изминатиот период им се случија и големи штети предизвикани од град и од поплава во овој регион. Иако оваа година има добри услови за производство на пченица, земјоделците се незадоволни од договорените 8 денари по килограм коишто не ги покирваат ни производните трошоци, а не тие да заработат.

Дополнително во исто време се јавуваат и лиценцирани и диви откупувачи коишто им ја откупуваат пченицата за 6 до 7 денари, а на терен слушаме дека во најава или во претпоставка дека и следните денови откупната цена на пченицата ќе биде и 5 денари!

Се поставува прашањето дали Владата ќе се погрижи, тоа очекуваме да го направи, да го сочува лебното жито во Македонија и дали воопшто за лебот во Македонија ќе се загрижи?

Во исто време земјоделците се соочуваат со ниската откупна цена на млекото којашто изнесува од 12 до 14 денари кај помалите, па до 16 денари кај покрупните млекопроизводители. Но и овие земјоделци или сточари имаат проблем со ниската откупна цена бидејќи таа не ги покрива нивните производни трошоци коишто изнесуваат од 20 до 22 денари за литар произведено млеко. Во такви услови на борба за опстанок голем дел од нив го продаваат добитокот, што легално, а што и нелегално, а државата
односно Р.Македонија во секоја наредна година го намалува добиточниот фонд.

Во вакви едни услови ја повикуваме државата односно ресорното Министерство за земјоделство да им излезе во пресрет на земјоделците и да најде начин да помогне во откупот на пченицата, на млекото па и на другите земјоделски производи, а што побрзо да излезе и да го заврши процесот на проценка на оштетувањата од град и од поплави што го зафатија овој регион и да ги обесштети земјоделците од овогодинешната реколта иако знаеме дека дури и во минатите години оштетувањата од град и од поплави не се исплатени.

Воедно Државниот инспекторат за земјоделство како орган или дел на Министерството за земјоделство очекуваме дека ќе ги воспостави или дека ќе ги засили контролите и инспекциите и ќе одговори на законските надлежности да помогне објективно и неселективно при откупот на пченицата и овој процес да оди во прилог на двете страни. Исто така Државниот инспекторат за земјодлество односно структурите внатре очекуваме дека за сите земјоделски активности во текот на годината истото ќе го направат, да бидат објективни во својата работа.

Државниот инспекторат го повикувам заради тоа што на терен се покажува дека оваа алка или овие структури се очигледно слаби при спроведувањето на земјоделските политики и очекуваме дека тие ќе ги зацврстат своите ингеренции и дека ќе работат во корист на земјоделците.