(ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ОД СОПСТВЕНИОТ ЏЕБ ДОНИРАШЕ ВОЗИЛО ЗА БРЗА ПОМОШ НА БОЛНИЦАТА ВО СТРУМИЦА

0
1587

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за здравство, Венко Филипче, денеска му го предаде амбулантното возило на директорот на струмичката болница, Наќе Гогов, кое го обезбеди компанија на неговото семејство.

Покрај амбулантното возило, друга компанија на Заеви донираше механички кревети, шкафови и друга опрема за новиот крак на струмичката болница.

Заев рече дела фирмата „Еленица“ од Струмица, која е во сопственост на неговото семејство, донирала 1.250.000 денари опрема купена од домашната компанија „Брако“, која пак е во сопственост на Кочо Анѓушев.

-Донирани се механички кревети, шкафови и се што е потребно како материјал, а фирмата „Тотал инженеринг“, која е што во сопственост, исто така, на моето семејство, денеска го донираше ова прекрасно возило со симболите и боите на македонското знаме. Возило кое што е од 2015 година, целосно е во исправна состојба, децении ќе ги служи граѓаните – рече премиерот Заев.

Директорот на струмичката болница, Наќе Гогов, се заблагодари на донациите и истакна дека денеска ја добиле најпотребната опрема која им неопходна во овој момент.