Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска претседаваше со 15-тиот состанок на Советот за Стабилизација и Асоцијација, тело коешто во моментов претставува највисокото тело за одржување на формалните односи помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија.
По состанокот, премиерот Заев одржа заедничка прес-конференција со потпретседателката на Европската Комисија и висока претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини и со комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
Во продолжение Ви го пренесуваме целосниот текст од изјавата на Премиерот Заев.