(ВИДЕО) Премиерот Заев на прес конференција во Подгорица, Црна Гора: Му дадовме поттик на позитивниот тренд на соработка во сите области од заемен интерес на двете земји и во интерес на нашите граѓани

0
1082

Како завршница на официјалната посета на Црна Гора, претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев и црногорскиот премиер Душко Марковиќ, одржаа прес-конференција на која информираа за резултатите од посетата на македонската владина делегација на Подгорица.

Прес-конференцијата следуваше по заедничката седница на двете влади, на која се разменија информации и мислења за можностите за продлабочување на односите меѓу двете земји, и на која се потпишаа договори и меморандуми за соработка во областите на внатрешните работи, во животната средина и во здравството.