(ВИДЕО) Премиерот Заев: Далекуводот Неокази-Пробиштип носи бројни придобивки за граѓаните и реалниот сектор

0
1134

Претседателот на Владата на Република Севернa Македонија, Зоран Заев, го означи стартот на работа на далекуводот Неокази – Пробиштип, и заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и генералната директорка на АД МЕПСО, Ева Шуклева ја истакнаа важноста на оваа успешно завршена инфраструктурна инвестиција.

Премиерот Заев истакна дека со денешното пуштање во работа на втората делница на далекуводната врска меѓу трафостаниците Неокази и Пробиштип, која е дел од новоизградениот 110 kV далекувод, на дело се покажува дека се реализираат ветените развојни проекти.