(ВИДЕО) Поранешната холандска амбасадорка Филипини со поддршка за Шарената револуција: Протестирам за да им покажам на луѓето дека сум со нив

0
948

Поранешната холандска амбасадорка, Симоне Филипини, вчера беше дел од протестите кои се одржуваат секој ден во шест часот како дел од „Шарената револуција“.

На прашањето на НОВА, зошто протестира, таа одговори дека дошла на протестите бидејќи се грижи за македонскиот народ и за состојбата на земјата.

„Се грижев кога бев амбасадорка, но и подоцна кога не бев, и се уште го правам тоа. Во суштина мислам дека ова е солидарноста која ние во Европа треба да ја имаме едни за други. Верувам во моќта на луѓето и нивното право да протестираат против владите или владините дејствија кои не се во ред.

Целата изјава може да ја погледнете ОВДЕ