(ВИДЕО) Попоски : Прилепските кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Ристески и Лашкоска го загрозуваат здравјето на граѓаните

0
762

Филип Попоски – портпарол на ОО СДСМ – Прилеп.

Почитувани,

Со своето неодговорно, несовесно и нехумано однесување, највисоките функционери на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, претседателот и кандидат за пратеник Петар Ристески и актуелната пратеничка и кандидатка за нов мандат, Ане Лашкоска, ги кршат законите за заштита од коронавирусот и го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Од објавените фотографии на нивните фејсбук профили, од неколкуте вчерашни масовни собири,на кои присуствувале и двајцата,јасно се гледа дека  Ристески и Лашкоска не ги почитувале мерките за забрана за групирање и носење на заштитна опрема на лицето.

Ваквото неодговорно однесување на Ристески и Лашкоска, на најдобар начин го отсликува лицемерниот пристап на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во битката со вирусот КОВИД-19.

Наспроти нивната наводна загриженост за здравјето на граѓаните и ширењето на коронавирусот, со своите неодговорни постапки функционерите на ВМРО-ДПМНЕ претставуваат потенцијална опасност за ширење на заразата.

Од една страна преку социјалните мрежи и медиумите, функционерите на ДПМНЕ обвинуваат дека сме биле единствена земја од регионот во која бројот на заболени од коронавирус расте, а од друга страна истите тие ги кршат уредбите на Владата и директно придонесуваат за можно зголемување на бројот на заразени.

На ваквото однесување на Ристески и Лашкоска, се надоврзува и нивниот сопартиец и министер за внатрешни работи Наќе Ќулев, кој свесно не презеде ништо за да ги спречи масовните собири во време на полицискиот час.

Наместо да се стави во одбрана на интересот и здравјето на граѓаните, Наќе Чулев се стави во заштита на теснопартиските и личните интереси на Мицкоски и врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.

Го повикуваме Наќе Чулев, доследно да го спроведува законот и заради непочитување на уредбите на Владата да поднесе пријави против Ристески и Лашкоска.

Никој не смее да биде над законите, уште помалку да ги загрозува здравјето и животите на граѓаните на нашата држава.