(ВИДЕО) Пожар во кругот на Фабриката Железара

0
1060

Град Скопје: Пожар во кругот на Фабриката Железара

Од засега непознати причини, околу 21:30 на 10.05.2018 избил пожар во кругот на Железара, на местото викано Челичарница, отпад за старо железо. Првично реагирале службите на Железара, а потоа побарале помош од Противпожарната Бригада на Град Скопје. Во моментов се работи на локализирање на пожарот, со асистенција на ЈП Водовод и Канализација, ЈП Комунална Хигиена, Дирекцијата за Заштита и Спасување на РМ и ОКТА.

Противпожарната бригада на Град Скопје сѐ уште го гаси пожарот во фабриката „Макстил“, кој избил вчеравечер, кога се запалило отпадното старо железо. Звонко Томевски, командант на Противпожарната бригада во Скопје, вели дека пријавата за пожарот во „Макстил“ го добиле вчера во 23.30 часот и дека горело суровинско отпадно железо, кое вработените го подготвувале да го стават во печките на топење.

„Сѐ уште сме во ‘Макстил’ и сѐ уште работиме. Запалени се 500 метри кубни суровинско отпадно железо, кое било помешано со пластика и друг отпад. Ноќеска имавме бројни јавувања од граѓаните, бидејќи чадот се рашири низ градот. Ние пријавата ја добивме во 23.30 часот, а пожарот избувнал неколку часа порано, бидејќи кога стигнавме таму веќе беше распламтен огнот со висока температура, а отпадното железо беше во фаза на топење“, вели Томевски.

Извор : 24инфо