(ВИДЕО) Петровска: Додека една третина од граѓаните тоне во сиромаштија, синот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски вработен без јавен оглас во МВР

0
1482

Прес конференција на координаторот на советничката група на СДСМ Битола, Наташа Петровска.

„Додека една третина од граѓаните тоне во сиромаштија, додека луѓе со посоодветно образование со години чекаат вработување, блиските на функционерите од ВМРО ДПМНЕ се безобразно привилигирани. Блиските на функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, штотуку дипломирани се вработуваат во државните институции и тоа без јавен оглас, како институциите да се нивна приватна своина“, изјави Петровска.

„Имено синот на битолскиот пратеник Зоран Илиоски неодамна е вработен како приправник во СВР-Битола и тоа без распишување на јавен оглас. Со Законот за внатрешни работи кој налага дека вработување без јавен оглас е можно само за овластени службени лица и стипендисти на Министерството, токму синот на Илиоски ја имал пивилегијата за работа. Но згрижувањето на блиските на Зоран Илиоски не завршува тука – актуелниот пратеник за време на неговото директорување во ЈП”Водовод”, си го вработи и својот брат, а неговата сопруга работи како раководител во Агенцијата за електронски комуникации –АЕК. Не е проблемот дали децата на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ имаат право, проблемот е што сите треба да имаат подеднакво право. Сите се нечии деца. Ова е само мал дел од непотизмот на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на Македонија и се неопходни промени. По демократските промени, новата демократска влада предводена од СДСМ ќе ги департизира институциите и секој млад човек ќе добие подеднаква шанса за вработување. Младите иднината ќе ја градат во Македонија, за Македонија!“, рече Петровска.