(ВИДЕО) Петре Шилегов за 24 Вести: Интерес за бришењето на БОМБИТЕ има ВМРО-ДПМНЕ, но тоа нема да им помогне да избегаат од вистината дека се злосторничко здружение

0
1397

Исчезнаа скоро дваесетина  „бомби“ од Вистината за Македонија од официјалниот Јутјуб канал на СДСМ.

Причината за отстранувањето се авторските права кои ги побарала извесна фирма „ОМД Нетворк“. Во повеќето материјали кои се блокирани се слуша гласот на поранешниот премиер Никола Груевски, но и високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов вели дека досега неколку пати се случило некој да ги пријавува во видео сервисот „Јутуб“, но недоразбирањата се решавале и сервисот ги враќа видеата назад. Според него интерес за бомбите да не постојат има само ВМРО-ДПМНЕ но тоа нема да им помогне да избегаат од вистината.

Од каналот на СДСМ се отстраните бомбите за смртта на Никола Младенов, разговорот во кој се слуша дека Сашо Мијалков стои зад фирмата СГС, бомбата во која се слушаат Груевски и Али Ахмети како договараат закон за бранители, разговорот во кој има незаконско доделување тендер на фирмата „Визарис“,  наводен рекет во Струмица со цел ВМРО-ДПМНЕ да добие гласови, плацовите кои Груевски ги купил на Водно, разговори во кои се слуша како ВМРО-ДПМНЕ мести избори, како и прислушување на новинари.

Овие разговори кои СДСМ јавно ги објави, потоа беа предадени во Специјалното јавно обвинителство.

За снимките кои се отстранети од Јутуб каналот, СЈО покрена постапки за нередите околу општина Центар за што има и обвинение против Никола Груевски, Миле Јанакиески и уште 15 лица, истрага се води и за рушењето на „Космос“, за прислушувањето на новинарите како и за изборните нерегуларности.