(ВИДЕО) Петар Атанасов: 40.000 ученици помалку во училиштата, црвен аларм да ги запреме иселувањата!

0
1026

Фрапантно се намалува бројот на ученици низ цела Македонија. Само во основното образование запишани се околу 40.000 ученици помалку! Погледнете го ова вртоглаво намалување ученици основци во учебната 2014/2015 година (192.165), во однос на бројката на запишани ученици во 2006/2007 година (231.497), изјави денеска Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование на СДСМ, при посетата на Битола.

Во битолските основни училишта има над 600 запишани ученици помалку во однос на бројката пред 5 години. Бројот на ученици во средните училишта е намален за над 1.000. Во средното земјоделско училиште годинава се запишани само 6 ученици.

– Само во последната 2015/2016 година, бројката на ученици во основните училишта се намалила над 6.000 (6.173). Овие тенденции, на силно црвено го ставаат алармот дека училишата во земјава се празнат! Податоците се официјални, што ги признава дури и контролираниот Државен завод за статистика. Се иселуваат цели семејства кои не можат да ја видат иднината тука. Знам дека и во Битола голем е бројот на граѓани кои заминуваат во странство – рече тој.

Според него, една од причините сигурно се големите трошоци за школување. Почетокот на учебната година за еден ученик повлекува една минимална плата од 9.000 денари, а што да прават семејствата со повеќе ученици, праша Атанасов.

– Погубниот тренд на иселувања мора да го запреме. По декември, ќе ја зголемиме минималната плата што ќе ја зголеми и просечната плата. Така ќе влијаеме на пристоен животен стандард. За да ги мотивираме учениците и младите луѓе, ќе обезбедиме образовен систем по успешен модел од европските земји. Гарантирано вработување, пракса или обука веднаш по завршување факултет. 10.000 евра неповратни средства за сите млади луѓе со добра идеја за почеток на сопствен бизнис. Ќе ги поттикнеме децата од мали нозе да бидат среќни во своите училишта, до своите родители. Граѓаните да имаат доверба во системот. Да можат и да сакаат да живеат во родната земја – порача Атанасов.