(ВИДЕО) Пендаровски: Ќе ја вратиме правната држава, ќе ги вратиме парите што ги украдоа

0
1356

Прес конференција,
Стево Пендаровски, носител на кандидатска листа во изборна единица 1
Скопје, 08.11.2016stevo0811

Почитувни,

Ова што господинот Заев го кажуваше до сега е апсолутен приоритет на опозиционата коалиција. Економски развој на државата и побогат живот за сите граѓани е возможен само ако постои правна држава.

Не е возможно да имате економски силна држава и граѓани ако не постои правна држава. Во таков случај имате случај како Р.Македонија во кој не постои правна држава, а постои една екстремно богата фамилија и сите останати се сиромашни или екстремно сиромашни.

Значи апсолутен приоритет по победата на 11 декември ќе биде правната држава да биде вратена, да биде функционална, бидејќи Македонија денес не е правна држава, а тоа може да се оствари ако правото биде неселективно применувано.

Денеска знаете многу е важно дали сте член на фамилијата, дали сте член на владејачката партија, дали сте од оваа или онаа етничка припадност? Тоа нема да биде важно после 11 декември, затоа што ќе одговараат сите што го прекршиле законот апсолутно небитно дали се припрадници на владејачка партија или на било чија фамилија или дали се блиски или не се до некој центар на моќ.

Втора работа којашто е поврзана директно со правната држава и неселктивната примена на правото и што е исто така апсолутен приоритет за опозиционата коалиција по добивањето на власта ќе биде враќањето на сето она што е украдено односно опљачкано од македонските граѓани.

Знаеме дека постојат резерви, дека тоа е тешко, дека во многу држави тоа не се реализирало меѓутоа верувајте ми има многу примери во светот во кои тоа сосема успешно е направено по падот на диктатурите. Најголемиот дел од украденото богатството на народот е вратено назад. Само еден предуслов постои за тоа. Да постои јасна политичка волја кај политичките фактори кои се на власт тоа да го направат. Ако има волја тоа ќе се направи.

Ние ви гарантираме дека сите институции кои ќе работат на враќање на украдените пари од граѓаните и од Р.Македонија ќе добијат ако треба и специјални овластувања и ниту еден политички фактор нема да им се меша во нивната работа како што е сега тоа случајот. Тоа ќе потрае, тоа е комплексен процес, меѓутоа верувајте се што е украдено може да се врати небитно е дали е во Белизе, Јужна Африка дали е во Чешка, било каде.

Народот ќе си ги добие своите пари назад затоа што тоа се негови пари и не е фер само 10 лица во оваа држава да имаат екстремно богатство, а 2 милиони други луѓе да гледаат како тие аздисуваат со тоа богатство кое незаслужено и што најважно незаконски го имаат стекнато.