(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ТЕТОВО, НАРОД ГО САКА : Државата тргна напред, обединети продолжуваме да чекориме по патот на развојот и напредокот

0
1310

Заедничкиот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски, денеска го посети Тетово.

Пендаровски со граѓаните разговараше за патот по кој оди земјава, за решавањето на деценискте проблеми и придобивките  кои ги носат евроинтеграциите.

Пендаровски истакна дека по години стагнација и изолација, државата конечно има  јасна слика и јасен пат по кој се движи, а тоа е патот што води до полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Ова е време на решавање децениски проблеми што не држеа во изолација и време на крупни одлуки кои ни помагаат заеднички, обединети да градиме подобра иднина за нас, за нашите деца. Цврсто верувам во европската иднина на нашата држава и затоа се кандидарам за претседател. Мораме да продолжиме да чекориме по патот на развој и напредок, мора да останеме посветени на процесот на евроинтеграциите затоа што тие носат огромни придобивки, како за државата, така и за граѓаните,  порача Пендаровски од Тетово.

Граѓаните на Пендаровски му ги пренесоа очекувањата за потребата од вистински претседател кој ќе обединува и сплотува и изразија верување дека токму тој, Стево, ќе биде следниот претседател кој ќе ја води државата кон ЕУ и НАТО.