(ВИДЕО) Павловска: Продолжува хаосот во рудниците за олово и цинк

0
952

Прес конференција,
Изабела Павловска, член на совет во општина Крива Паланка
Крива Паланка, 27.08.2016 г
Почитувани,

Продолжува хаосот во рудниците за олово и цинк Тораница и Злетово. Од најавеното рестартирање и враќање на 1000 рудари на своите работни места од 1 јули ниту трага ниту глас.

Лошата ситуација во којашто се наоѓаат рударите од рудниците за олово и цинк Тораница и Злетово дополнително се влошува и комплицира, посебно со лажното појавување на Никола Груевски.

Рударите се незадоволни и со право се загрижени.

За нив е нејасно како граѓанинот Груевски најавува нови 400 вработувања кога веќе вработените рудари не може да ги врати назад?

Граѓанинот Груевски да одговори каде е ветената минимална плата од 500 евра?

Дали е точно дека Тораница и Злетово се дадени како компензација на неподмирени трошоци кон друга фирма која работела на проектот Скопје 2014?

Граѓанинот Груевски да излезе и јавно пред нив да каже како овие 1.000 семејства да ги подмират трошоците за тековно живеење и сметки, како да го поминуваат тешкото секојдневие?

Рударите не сакаат лажни, нереални, времени решенија туку вистинско решавање на нивниот проблем.

Тие повеќе не можат да ги издржат ВМРО-ДПМНЕ.

Криминалните политики на Никола Груевски уништија 1000 семејства во Крива Паланка и Пробиштип.

На сите рудари им го честитаме денот на рударите и им ветуваме дека по демократските промени, за новата Влада предводена од СДСМ приоритет ќе бидат потребите на сите граѓани.