(ВИДЕО) Павле Трајанов: Тезите за странски служби пропаѓаат, телефонските броеви од „бомбите“ ги прислушувала УБК

0
1364

Пратеникот Павле Трајанов во вчерашната Топ тема на телевизија Телма тврди дека е завршена истрагата во Телеком околу прислушувањето и дека некои од телефонските броеви што се појавија во јавноста, биле директно приклучени на опремата за прислушување на управата за безбедност и контраразузнавање.

– Колку што имаме неофицијалниинформации Дојче телеком направила контрола околу тоа дали Телеком бил е вклучен во прислушувањето  и неофицијално потврдуваат дека оние броеви што се веќе објавени биле прислушувани преку операторот и линиите биле влечени према Министерството за внатрешни работи. Тоа е доволен сигнал дека сите тези за странски служби паѓаат. Генератор на кризата е нашите внатрешни сили и тоа треба да се расчисти и мислам дека на добар пат сме да се расчисти – рече Трајанов.

Видеото ОВДЕ