(ВИДЕО) Орданоски: Aко остане истата власт, сите ќе се удавиме!

0
1223

Политичкиот аналитичар, д-р Сашо Орданоски, член на експертскиот тим на ЦИВИЛ, во вториот дел од својата редовна политичка анализа, во рамките на проектот на ЦИВИЛ – Центар за слобода за изборно набљудување – „Напред!“ (“Forward!”), зборува за тоталната партизација на државата, за финансискиот регрес и покрај неколку пати, енормно зголемуваниот државен буџет. Според него, не е и нема да биде извршена целосна ревизија на Избирачкиот список, поради партизираната гарнитура на МВР. Тој е дециден дека ниту ад-хок телото, нема да овозможи регулацијата во медиумите и проток на објективни информации од досегашната, пропагандна медиумска машинерија на власта…

Д-р Орданоски оценува дека сепак, овој пат, постои политичка подготвеност да се реализираат избори, зашто државата и системите се веќе неиздржливо нефункционални. Но, поентира, дека „ако и натаму остане оваа власт, тогаш сите ќе се удавиме, во наредните поплави“.