(ВИДЕО) Оливер Спасовски: Разулавената власт се нафрли врз студентите, ја згази автономијата на Универзитетот, ја нападна иднината на Македонија!

0
1393

Митко Чавков треба веднаш да замине од позицијата министер за внатрешни работи, заедно со целата нелегитимна и незаконска Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, побара денеска на прес конференција поранешниот министер за внатрешни и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

Режимот во Македонија спроведе фалсификувани, криминални студентски избори. На најбрутален начин, со злоупотреба на полицијата беше спречено елементарното право на студентите на слободен избор. Разулавената власт се нафрли врз студентите, ја згази автономијата на Универзитетот, ја нападна иднината на Македонија. Одговороност за злоупотребата на специјалната полицијата против студентите мора да понесат сите инволвирани. Насилството врз студентите е реализација на намерата на Никола Груевски да судри народ со народ. Ова е реализација на заканите на Ѓорге Иванов за употреба на безбедносните сили врз сопствените граѓани, врз студентите. Затоа беа направени и шверцерски измени на Законот за МВР, за да го зацврстат недемократскиот начин на владеење и употребата на сила. ВМРО-ДПМНЕ прави се во Македонија да не се создадат услови за решавање на политичката криза. ВМРО-ДПМНЕ бега од слободни, фер, регуларни и демократски избори – рече Спасовски.

СДСМ го поддржува протестот на студентите најавен за денеска, го смета за целосно оправдан и ги повикува граѓаните да се приклучат.

– Никола Груевски лажно се надева дека може да профитира од сценарија за судир меѓу граѓаните, што тој ги предизвикува. СДСМ, граѓаните, демократската јавност, сите оние коишто ја сакаат државата нема да ги дозволат црните сценарија на Никола Груевски. Режимот е готов, тоне секој ден. Или Груевски или Македонија! Граѓаните се за Македонија – порача тој.