(ВИДЕО) Оливер Спасовски: Нема пари за плати во буџетот за новите вработени во МВР

0
1291
Нема пари во буџетот за платите на нововработени во МВР кои добија решенија пред моето доаѓање на функцијата, тврди Министерот Оливер Спасовски. Спасовски вели – иако ги превземал сите законски надлежности меѓу кои и суспензија на некои осомничени вработени, сепак тие повторно се појавиле на работа откако им истекле роковите според законот за дисциплинска постапка., prenesuva „24 Вести“.spasovski-oliver
Од Министерството за финансии пак кратко информираа дека за сите вработени во институциите обезбедени се плати со буџетот за 2017 – та.
Во врска пак со осомничените функционери во МВР во предметите на СЈО пак Спасовски вели ќе бидат превземени сите законски мерки кои му стојат на располагање иако како што тврди сега ограничувањата на министерот се поголеми отколку изминатите години.
Според информациите на министерството за внатрешни работи пред доаѓањето на функцијата на техничкиот министер покрај новите 125 вработувања имало и над 1200 преместувања на полициски службеници во земјава. На денешната посета во СВР министерот Спасовски констатираше дека состојбата за сега е мирна но ја истакна неопходноста од системска реформа во овој сектор.
Видеото ОВДЕ