(ВИДЕО) Оливер Спасовски во 360 степени: Во компјутерите на УБК има траги од сите прислушувани разговори

0
1627

Компјутерскиот систем не прави разлика меѓу легално и нелегално прислушувани разговори, туку тој си создава датабаза и ги бележи сите телефонски броеви кои се ставени на слушање, изјави во емисијата „360 степени“ на Алсат-М, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Емисијата беше снимена пред драмата која вечерва се случуваше во УБК и полициската станица „Беко“.

Тој вели дека единствениот начин да се попречи спроведувањето на судските наредби што ги има добиено СЈО е некој од УБК физички да ја уништи опремата, за што Спасовски изрази увереност дека е неможно да се случи.

Првиот човек на полицијата посочи дека внатрешната контрола ќе ја преиспита вистиноста на тврдењата дека само две лица имале дозвола да се логираат на системот а тие во моментот кога СЈО влегле во просториите на УБК била на службен пат во странство.

Во однос на изборниот процес кој ја очекува земјата, Спасовски нагласи дека и вака поделено министерство, во кое тој е раководител а неговиот заменик и директорите на БЈБ и УБК се од ВМРО-ДПМНЕ ќе може далеку подобро да се справува со проблемите од тој карактер отколку министерството кое беше нарекувано ВМРО-МВРО.