(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп – Ристески : Сопартијците го наместија Николовски да лаже пред дивоградбата во сопственост на роднини

0
1142

Петар Ристески, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Викендов тука пред дивоградбата, за која самиот градоначалник призна дека припаѓа на негови роднини, Генералниот секретар на СДСМ повторно се обиде да манипулира и да ги лаже прилепчани.

Неговите сопартијци и функционери го наместија Николовски токму од тука, од местото каде најдобро се гледа како функционира власта на СДСМ, да зборува за некаков нов “план за живот”, за кој патем никој повеќе не им верува.

Кога веќе беше тука, добро би било да го праша градоначалникот Јованоски, на кои се’ локации гради фирмата на неговите роднини, за која тој наводно дозна од нас од oпозицијата.

Добро би било да го праша министерот Сугарески за хаосот кој постои во прилепската чаршија, која е окупирана од објекти во сопственост на луѓе од СДСМ.

Николовски треба да ги праша Миле Талеки, Илија Јованоски и Горан Сугарески, како тоа се легализираат објекти на крајно сомнителен начин во Прилеп?

Кога веќе се фали дека тутунарите од Прилеп и прилепско биле задоволни од откупот и цената на тутунот, тогаш нека го праша и генералниот директор на Тутунскиот Комбинат, Кире Станкоски, зошто и дали дел од откупните пунктови се затворени пред законскиот  рок?

Дали директорот  си ја покачил платата од 80 на 110.000 денари и дали вакви покачувања има и кај останатите негови блиски соработници, околу 20тина на број од вкупно 230 вработени во Тутунскиот Комбинат?

Кога се капиталните проекти се во прашање, на Николовски како мачка да му го изела јазикот, па заборави да каже кој капителен проект го направи СДСМ за Прилеп во изминативе 3 години. Таков нема!

Како бара гласови од Прилеп кога Владата на СДСМ и министерот Сугарески целосно ја стопираа изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско?

Како очекува прилепчани да гласаат за СДСМ, кога локалната власт и градоначалникот Илија Јованоски ги зголемија сметките за вода за 60%, а ветуваа дека ќе ги намалат за 20%?

Како граѓаните да гласаат за СДСМ кога нема ниту една нова фабрика, нема ниту едно ново отворено работно место, а вработувањата во институциите им припаѓаат исклучиво на роднините и пријателите на функционери од власта?

Почитувани сограѓани,

За крај укажуваме дека до ВМРО-ДПМНЕ секојдневно пристигнуваат документи и докази  за незаконското работење на ова злосторничко здружение на СДСМ во Прилеп.

Сите овие укажувања и сомнежи за сторен криминал ќе бидат детално разгледани, а после 12-ти април следува одговорност за секој кој се ставил над законите.