(ВИДЕО) ОК ВМРО ДПМНЕ ПРИЛЕП – Петкоски : Од институција пример, денеска Здравствениот дом тоне во долгови со извршни решенија?

0
1227

Говорник: Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Јавната институција Здравствен дом Прилеп, во изминатите години беше пример за успешна и модерна здравствена установа, каде постојано се реализираа нови проекти и инвестиции.

Од вистински пример и институција со стабилна финансиска состојба, денеска Здравствениот дом e клекнат на колена и заглавен во долгови.

Денеска сме тука да ја споделиме нашата загриженост со јавноста и да прашаме:

Дали е вистина дека институцијата е заглавена во долгови во висина од 17 милиони денари?

Вистина ли е дека на институцијата и тропаат извршители со извршни решенија за наплата?

Што ли работат кадрите на СДСМ и дали сметаат дека нема да одговараат за ваквото недомаќинско и расипничко извршување на функциите?

Директорката на оваа институција, освен што е главен играорец на најразлични осмомартовски и новогодишни чајанки, нема заковно ниту една шајка во оваа зграда позади нас.

Покрај тоа што не работат, не го одржуваат ниту она што досега е направено. Па така, лифтот кој беше еден од бројните реализирани проекти во минатото и придонесе многу во функционирањето на здравствениот дом, а особено беше од помош за постарите лица, денеска не функционира.

Минатата година бевме сведоци дека поради несоодветни гуми за зимски услови, на превојот Плетвар се преврти возило на брзата помош кое превезуваше пациент.

Здравствениот дом тоне од превработеност на непотребни партиски послушници. На пример се вработуваат стоматолози кои се прекубројни, наместо општи лекари и медицински сестри.

Смешни и несериозни се фалбите на социјалните мрежи со дониран фрижедер, компјутер или топломери од приватни субјекти.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ во оваа институција беа реализирани бројни проекти во вредност од над 50 милиони денари.

Комлетно беше обновен возниот парк на Здравствениот дом и брзата помош при што беа набавени 3 амбулантни комбиња, 2 амбулантни автомобили и 2 возила за домашна посета.

Целосно беше реновирана целата зграда, се промени внатрешната и надворешната дограма, се направи лифт,  институцијата доби нови подови, нова фасада и комплетно беше реновирано детското одделение.

Се инвестираше и во современи апарати за спортска и трудова медицина преку набавка на стрес тест лента, апарат за испитување на видот, а домот доби и најопремена биохемиска лабораторија.

Беше направена и нова фасада на зградата од Итната медицинска помош, а разлика од тоа време, денеска за бедни 200-300 евра се исече и продаде парно инсталацијата во овој објект.

Веќе подолго време не е во функција ниту објектот на Итната медицинска помош во Кривогаштани, кој исто така беше изграден во време на ВМРО-ДПМНЕ и значеше многу за граѓаните на Кривогаштани и околните населени места.

Почитувани,

Ова е пустошот кој го оставаат кадрите на СДСМ зад себе, за кои интересот на граѓаните и обезбедувањето на квалитетна здравствена заштита и помош е на последно место.

За сите сомнежи за сторен криминал и незаконско работење ќе се поведат постапки, а потоа ќе следува и одговорност за секој оној кој се ставил над законите. Обновата во Македонија доаѓа после 12-ти април.