(ВИДЕО) ОК ВМРО-ДПМНЕ ПРИЛЕП – Ирена Стерјоска – Локвенец : ЈКП Водовод целосно партизирано – 90 вработувања во 2 години и астрономски сметки

0
1317

Во надеж дека ќе го избегнат големиот пораз кој им следува на 12-ти април, расипничката власт на СДСМ деновиве продолжува со партизирање и уништување на институциите.

Само во текот на вчерашниот ден дури 17 лица се вработени со договор на дело во ЈП Водовод и канализација во Прилеп. Со тоа вкупната бројка на нововработени партиски послушници во ова претпријатие стигна на околу 90.

Директорот Емил Јанески, на денот кога ја презеде функцијата, го затекна претпријатието во одлична финанскиска состојба и со 150 вработени луѓе, а само 2 години подоцна бројката порасна за нови 90 лица, што е максимално партизирање на ова јавно претпријатие.

Прашуваме: Дали дел од овие нови вработувања е и директорката на ЈП за ПУП, Мери Цветаноска, и доколку е вистина од што бега и од што се плаши оваа навидум “успешна” директорка?

Дали можеби сомнителната набавка на 4 автобуси за 1 милион евра е причина за Цветаноска да бара прибежиште во ново јавно претпријатие?

Почитувани,

Вработувањата на роднините од партиските функционери на СДСМ и вработувањата на партиските послушници има и своја цена.

Од овој месец сметките за вода добија и ново покачување, па сега со сигурност може да се каже дека прилепчани ја пијат и користат најскапата вода во Република Македонија и плаќаат астрономски сметки за вода.

Наместо досегашните 26,70 денари, метар кубен вода со новите сметки чини 27,13 денари. Кога на тоа ќе се додаде минатогодишните покачувања, се доаѓа до бројка од над 60% покачување на сметките за вода, што е срамно и бездушно празнење на џебовите на граѓаните.

Градоначалникот Илија Јованоски на прилепчани им вети за 20% пониски сметки за вода, а им донесе за над 60% повисоки, што го прави најголем лажливец во историјата на Прилеп.

Ова е жалната состојба и цената која граѓаните ја плаќаат од така наречениот “нов живот” и измамничката фраза на “прав пат”. Ова е тоа лажно и лицемерно владеење на Зоран Заев, Илија Јованоски, Миле Талески и останатите челници на власта од СДСМ.

Ги испразнивте нивните џебови и ги осиромашивте, а ги наполнивте вашите, тоа е всушност вашата филозофија на владеење која никогаш не се променила кога СДСМ е на власт.

Затоа на 12-ти април ви доаѓа крајот и затоа граѓаните со нетрпение чекаат да ви пресудат зад гласачките паравани.