(ВИДЕО) ОДГОВОРИ НА НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА – Манчевски: Работиме на обезбедување мнозинство и веднаш формирање нова Влада!

0
1081

Одговори на новинарски прашања,
Медиуми: Што има нешто ново во врска со собирањето на потписите?

Манчевски: Немаме никакви нови информации од тоа што вчера партијата го соопшти.

Медиуми: Од ДУИ рекоа дека не се сретнале Заев и Ахмети лично, точно ли е?

Манчевски: Нема средба се уште, нова средба нема.

Медиуми: Дали ДУИ го побарало местото премиер?

Манчевски: Не. Сите тие информации се во рамки на шпекулации, апсолутно нема никакви нови детели од она што вчера беше соопштено.

Медиуми: Што бара конкретно ДУИ?

Манчевски: Се уште немаме детали којшто би ги споделиле со јавноста.

Медиуми: Контакти меѓу партиите има?

Манчевски: Да, контакти има на друго ниво, лидерите точно е дека се немаат сретнато, освен јавната средба за којашто јавноста беше информирана.

Медиуми: Значи, сеуште немате обезбедено 61 пратеник?

Манчевски: Процесот е во тек, работиме на нивно обезбедување и веднаш на формирање на новата влада и јавноста ќе биде веднаш информирана кога ќе има некој нови моменти во однос на ова прашање.

Медиуми: Како ги коментирате смените во МВР кој се како дел од Пржинскиот договор, меѓутоа сега пред формирање на влада?

Манчевски: Добро, видете тоа е дел од Пржинскиот договор, апсолутно СДСМ како партија се држи секогаш до договореното така што не би имале некаков посебен коментар околу тоа.