(ВИДЕО) Одговори на новинарски прашања – Николовски: Секој ден е можен избор на претседател на Собранието!

0
1436

Одговори на новинарски прашања,
Љупчо Николовски пратеник на СДСМ во Собранието на Р.М.
Скопје, 25.04.2017

Медиуми: Кога ќе изберете претседател на Собранието?

Николовски: Секој ден е можен избор на спикер на Собранието. Спикерот на Собранието ќе ги распише локланите избори и ќе го отвори патот за избор на нова реформска Влада.

Медиуми: Што се чека и дали денес би можело да се избере претседател?

Николовски: Секој ден е можен избор на претседател на Собранието.

Медиуми: Зошто Владата која има технички ингеренции може да зема кредити а не може да исплаќа субвенции?

Николовски: Тоа треба да го одговори токму оваа криминална власт во заминување и хаосот кој го создава е причина повеќе веднаш да да се одблокира Собранието и да се избере нова реформска и демократска Влада која ќе има целосен легитимитет да ги решава проблемите на граѓаните. Но притоа ќе има и одговорност, без оглед за кого станува збор.

Медиуми: Има најави дека денеска ќе се сретнат претседателите Заев и Ахмети во Собранието…

Николовски: И двајцата се пратеници во Собранието и како што до денес се среќавале и од денес натака има и ќе има средби на претседателите на политичките партии кои го сочинуваат мнозинството во Парламентот, така што не е чудно секојдневно да има средби помеѓу господинот Али Ахемти и новиот мандатар Зоран Заев.

Медиуми: Со што би прифатиле лидерска средба за да се одблокира Собранието, бидејќи ете ВМРО ви пружи рака?

Николовски: Одблокирањето на Собранието ќе го направи мнозинството во Парламентот. Граѓаните после изборите на 11 декември кои беа резултат на договорот од Пржино и на целиот тој процес во изминатиот период дадоа мандат на нова реформска и демократска Влада. Мнозинството во Парламентот е создадено и наша одговорност е токму заради целиот оовј хаос, заради интересот на граѓаните, заради државните интереси, да ги одблокираме процесите и затоа секој ден е можен избор на претседател на Собранието кој ќе ги преземе сите натамошни чекори и распишување на локални избори за да нема хаос во општеството и патот кон избор на нова демократска Влада. Преговорите се внатре во рамки на мнозинството коешто ја доби довербата на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ и ова криминално раководство се минато и затоа преговорите ќе продолжат токму во рамки на мнозинството во Парламентот. И затоа се логични сите средби помеѓу лидерите на овие политички партии коишто го прават мнозинството во Парламентот.

Медиуми: Што ќе значи тоа? Гледате дека седницата е блокирана, нема да заврши до септември?

Николовски: Секој ден е можен избор на спикер на Собранието согласно Уставот, законите и Деловникот на Собрнаието и тоа е во интерес на граѓаните, во интерес на државата.

Медиуми: Ќе направите обид да ја прескокнете третата точка и да преминете на четврта?

Николовски: Имаме план и стратегија кои не може да се комуницираат за јавноста гласно преку медиумите разбирливо заради целиот процес. Ние согласно Деловникот баравме неколку барања поставивме коишто малцинството со насилството коешто го прави во Парламанетот не дозволува да се гласа за да се покаже тоа мнозинство, за да се одблокираат институциите и Собранието, да се избере спикер, тоа е неодржливо од аспект од интересите на државата, државните интереси и интересите на граѓаните. Токму затоа е можен секој ден избор на претседател на Собранието и одблокирање на сите процеси во државата вклучително и избор на нова демократска Влада.

Медиуми: Разбирливо е што не откривате стратегија како ќе го направите тоа, меѓутоа еве од извори од ВМРО ДПМНЕ конструира некои сценарија што вие може да ги спроведете. На пример да се состанете во некоја соседна сала па таму да изберете претседател на Собранието итн. Дали тоа има допир со реалноста?

Николовски: Значи план и стратегија за тоа како ќе се одблокираат овие процеси, ова насилство наметнато од малцинството секако дека имаме. Ние многу претпазливо, трпеливо, мудро и посветено работиме и на планот, и на тоа како ова мнозинство во Собранието коешто го добило и правото но и обврската и одговорноста да ја води оваа држава кон следните демократски процеси тоа ќе го направи. Токму затоа велиме дека секој ден е можен изборот на спикерот во Собранието, и брзиот пат на формирање на нова реформска Влада којашто ќе се носи со проблемите, односно со одговорноста за решавањето на проблемите на граѓаните коишто се наметнати токму од оваа криминална власт во заминување, којашто само за да избега од правдата и од одговорноста за она што го има правено во овие 11 години, ги блокира сите институции во државата.

Медиуми: Разгледувате некои можности или веќе е решено која ќе биде таа стратегија?

Николовски: План и стратегија за одблокирање на процесите има и во даден момент истите ќе бидат реализирани.

Медиуми: Дали информациите, сценаријата, заканите за судир, тензии, можат да ве спречат и да ве натераат да се повлечете од тој план?

Николовски: Токму со нашето трпение, со целокупната мудрост со којашто се располага, посветено работиме, се со цел да се избегне било каков конфликт којшто сакаат да го наметнат во општеството. Конфликт и насилство помеѓу граѓаните нема да дозволиме, ние сме тие избрани претставници на граѓаните со поддршка на над 700 илјади гласа, со над 67 пратеници во Собранието. Тоа е мнозинството во Собранието, и согласно Уставот, Собранието одлучува со мнозинство гласови и ние го имаме и правото, но и обврската и одговорноста да ги одблокираме сите процеси, но притоа, со трпението коешто го имаме да не дозволиме било каков судир на било кого во општеството.