(ВИДЕО) ОДГОВОРИ НА НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА – Шекеринска: Заедничка ни е целта Македонија да излезе од уставната криза и брзо да добие функционална Влада!

0
1038

Шекеринска: Ние како држава и како луѓе мора да водиме сметка како оваа држава, чекор по чекор станува постабилна и станува подобро место за живеење на сите нејзини граѓани и затоа предлозите кои ќе бидат на маса, ќе ги дискутираме и со македонската јавност. Вие сте свесни дека ова не беше долга средба, за сите прашања ќе дискутираме со нашите потенцијални коалициони партнери и за сите прашања ќе ја известуваме македонската јавност.

Медиуми: Колку сте далеку од договор?

Шекеринска: Ова е прва средба, тоа значи дека информациите кои беа присутни во јавност штотуку не се договорило се, не беа точни така што денеска на првата ваква средба тешко е да даваме прогнози меѓутоа велам целта ни е заедничка, средбите ќе продолжат тогаш кога дискусиите ќе завршат во рамки на двете политички партии.

Медиуми: Ги спомнавте евроинтеграциите, го знаеме и вашиот став за СЈО, зошто е толку тешко да се произнесете за албанскиот јазик ?

Шекеринска: Ние за секое од овие прашања ќе се произнесеме, меѓутоа мислам е во ред да се произнесеме прво во рамките на партиите, да се произнесеме пред политичките партии со кои што разговараме и веднаш потоа ќе ги соопштиме нашите ставови. Најголем дел од овие ставови беа сопштувани и во текот кампањата, така што мислам тоа нема да бидат прашања за кои ќе избегнуваме одговор во јавноста, но меѓутоа ќе не разберете дека во овој период мора да градиме доверба, дека сето она што го дискутираме во јавноста треба да биде дискутирано и претходно.

Медиуми: Што е целта на преговорите? Дали се тоа ресори или претседател на собрание?

Шекеринска: Јас во овој момент кажав дека се занимававме со многу принципиелни нешта, Како оваа држава да се справи со одлуката на Иванов да не го почитува Уставот. Апсолутно сме далеку од конкретни дискусии по некои специфични политички пршања, а особено сме далеку од поделба на ресори. Сметаме дека тоа е најмалку важното прашање. Многу поважно прашање е прашањето како да излеземе од уставната криза, како да ставиме крај на кризата и како Македонија да добие функционална влада.

Медиуми: Ќе ги добиете ли потписите од ДУИ без конкретно договорена влада и гаранции за поделени ресори?

Шекеринска: Затоа реков дека после денешнава прва средба, партиите треба да завршат со своите дискусии внатре и јас не можам да говорам во името на ДУИ. Јас не можам да говорам ниту во име на СДСМ, ако дел од овие дискусии не сме ги затвориле. Штом ќе има дискусии завршени во рамки на двете политички партии, тогаш претпоставувам дека ќе биде лесно да се закаже и следната средба. Меѓутоа, се што ќе ви кажам сега во детали, би било импровизација од моја страна. Верувајте, на тие теми не дискутиравме.

Медиуми:Кога ќе почнат тие внатрепартиски консултации?

Шекеринска: Таквите внатрепартиски консултации ние ќе ги почнеме уште вечерва. Според информациите кои ги добивме и ДУИ релативно брзо ќе дискутираат на таа тема.