(ВИДЕО) ОВОЈ ЗАЕВ РЕШИЛ ДА ЈА ПРАВИ МАКЕДОНИЈА ШВЕДСКА НА БАЛКАНОТ ПА МАЈКА ЈАНА НЕКА Е : Започна изградбата на нова фабрика на компанијата Мурат Тиџарет, инвестиција вредна 7 милиони евра со првични 300 нови отворени работни места

0
1786

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, министрите Аднан Ќахил, Зорица Апостолска и Зоран Шапуриќ, присуствуваа на настан посветен на означување на почетокот на изградба на нова фабрика на компанијата „Мурат Тиџарет“ во ТИРЗ Скопје 2.

Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека Република Македонија се движи во посакуваната насока, се зголемува довербата и оптимизмот во македонската економија и дека оваа инвестиција ќе биде 4-та по ред инвестиција на турска компанија во ТИРЗ Скопје 1 и 2.

Висината на планираната инвестиција изнесува околу 7 милиони евра и првично ќе бидат отворени 300 нови работни места.