(ВИДЕО) Ова е профилот на просечниот поддржувач на РЕЖИМОТ: Контра-протестантите на Грујо и Стевчо Муња „немаат поим што, како“!

0
1243

Со три големи шатори и во масовен број, граѓаните кои се одзваа на повикот на лидерот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски уште од утринава се собраа пред Уставниот суд. Тие велат дека денеска се собрани да протестираат против „се што е негативно“, а дел оти слушнале на телевизија дека имало најава за насилство врз судиите.

-За се што е негативно протестираме, се што ја носи Македонија во бездна. Ако сте глувонеми да ви објаснам кој е тој, ако имаме ние сите патриотски чувства во себе многу лесно ќе идентификуваме кои се тие сили. Затоа во Америка претседателскиот систем е најмоќен, има големи ингеренции, па и на нашиот да му дадеме, вели граѓанин за НОВА.

-Го браниме Уставниот суд бидејќи има најава за насилство. На телевизија гледавме. Не знаеме какво насилство, ќе ги присилувале судиите на нешто, ни појасни еден од присутните граѓани.

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ Стевчо Јакимовски денеска пред Уставниот суд објасни дека причина за денешниот собир е со цел да им дадат поддршка на уставните судии кои утре ќе одлучуваат дали ќе ги зголемат ингеренциите на претседателот за помилување на изборен криминал.

Видеото ОВДЕ