(ВИДЕО) ОВАЈ НЕ Е НОРМАЛЕН – Чавков: Владата бара правни механизми како да му гo ИСПУШИ на Ердоган

0
1735

Владата бара начин како да ги исполни барањата на Ердоган за затворање образовни институции, медиуми и стопански и невладини организации заради нивна наводна поврзаност со Фетула Ѓулен. Иако од Илинденска број 2 за сега молчат во однос на прашањето што е одлучено на затворената седница, министерот за внатрешни работи Митко Чавков денеска потврди дека се донеле одлуки во насока на поддршка на политиката на Турција, пренесе Телма.

– Ние даваме силна поддршка на легитимно избраните институции во Република Турција, а прашањето што вие го упатувате претпоставува соодветна операционализација и веројатно ќе се бараат правни и законски механизми во Република Македонија за реализирање на определени цели. Тоа значи дека се бараат правни механизми како да дадеме поддршка на владината политика на Турција.

Според професорот по меѓународно право, Мерсел Биљали на овој начин македонската влада и дозволува на Турција директно мешање во внатрешната политика на државата. Ваква соработка помеѓу две земји наликува на некаква комунистичка интернационала, вели Биљали.

– Според сите принципи на меѓународното право, тоа е неприродно. Не дека се забранува ама е несвојствено. Тоа значи одрекување од сопствениот суверенитет на една држава. Но, мора да се согласиме дека се работи за сродни режими кои имаат потреба взаемно да се помагаат.

Чавков денеска, исто како и неговиот колега, министерот за надворешни работи Никола Попоски пред неколку дена, избегна да даде конкретен одговор дали и кои организации ќе бидат затворени. На списокот, кој го објави агенцијата Анадолија, се наоѓаат колеџот Јахја Кемал, неделникот Заман и уште неколку фирми и фондации. Сите негираат каква било поврзаност со Фетула Ѓулен, кој е обвинет дека стои зад обидот за пуч на Ердоган и тврдат дека работат во согласност со македонските закони.

– Во нормална држава се проценува дали тие институции функционираат соодветно на нашите закони или не и се донесува одлука соодветно на таквата констатација, што кај нас не се прави.

Додека во Македонија се поставува прашањето дали власта ќе тргне во лов на ѓуленисти, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов вчера на покана на Ердоган присуствуваше на пуштањето во употреба на нов мост над Босфорот. Двајцата претседатели оствариле и работна средба, но нема информација дали било отворено прашањето за исполнување на списокот со желби на Реџеп Таип Ердоган.

ВИДЕО прилогот може да го погледнете ОВДЕ