(ВИДЕО) НУКЛЕАРНА БОМБА на иселеникот Ицо Најдовски – Перин: Во Мелбурн се создаде гласачко гето на ВМРО-ДПМНЕ, луѓето за пасоши се фотографираа во црквите!

0
3321

Иселеникот во Мелбурн, Ицо Најдовски – Перин е еден од најистакнатите македонски активисти во Австралија, речиси три децении. Тој е бизнисмен, паралелно активен во општествено-политичкиот живот, а одржува и перманентни врски со својата родна земја. Затоа и избрал да докторира токму во Македонија, на Институтот за национална историја, при УКИМ-Скопје.

Најдовски-Перин волонтерски, со години води емисија на македонски јазик на радиостаницата 3zzz од Мелбурн, обработувајќи актуелни теми од животот на македонските иселеници, но и со осврти на случувањата во Македонија. Како Македонец со изразено национално чувство, во 2011 година беше еден од кандидатите за пратеници од дијаспората во македонското Собрание, со цел да даде свој придонес во развојот на Македонија.

Тогаш не беше избран за пратеник, но во предвечерие на вонредните парламентарни избори закажани за 11-ти декември, за ЦИВИЛ Медиа отворено зборува за нерегуларностите коишто го следеле изборниот процес за пратеници од дијаспората пред пет години.

ЦИВИЛ Медиа: Како течат подготовките за вонредните парламентарни избори во Македонија што ќе се спроведат и во Австралија? Дали сте сведоци на одредени злоупотреби на претставници на властите во Македонија или воопшто на други нерегуларности?

НАЈДОВСКИ: Со промената на законот, пратеникот од дијаспората треба да собере 6.500 гласови, според тоа, сметам дека интересот на државата како да е сведен на минимум. Не сум забележал во Австралија некое раздвижување, доаѓање на политичари, владини претставници…
Порано беше поинаку, зборувам за времето кога и јас бев кандидат за пратеник во 2011 година, од партијата „Достоинство“. Во тоа време, имаше голема политичка активност, присутни беа министрите Никола Тодоров, Спире Ристовски, политичари … Тие направија голем исчекор, ветувајќи дека дијаспората гласа и ќе има свои претставници во македонското Собрание. Но, не беше така. Во Македонија се изгласа закон, со којшто државјани на Македонија ќе имаат право на глас, во случај кога тие се надвор од државата, на денот на гласање. Тоа значи дека не гласа дијаспората, туку жители на Република Македонија, со валидни биометриски пасоши или лични карти, затоа и бројот на гласачите е толку мал. Поточно, тој број е сведен на потребите на политичките партии.
За мене, голем проблем во 2011 година беше условот, 1.000 потписи да се соберат за да бидеш независен кандидат. Кој е тој Исус Христос кој може да ги собере тие 1.000 потписи за независен кандидат?! Јас сум независен човек, не ги поддржувам ни лево, ни десно ориентираните политички партии…
Сакав само како пратеник да се заложам за нешто ново, за правата на бранителите, предлог законите за нивна заштита да се спроведат на дело. Бранителите на Македонија, се најмалку почитувани во овие изминати 15 години. Проблем беше да се соберат тие 1.000 потписи без поддршка на конкретна политичка партија, зашто не сакав зад мене да стои политичка партија.
ЦИВИЛ Медиа: Како тогаш беа обезбедени гласовите за тие тројца пратеници од Австралија?
НАЈДОВСКИ: Во тој период од 2 -3 недели пред изборите во 2011 година, во Владината делегација во која беа Ристовски, Тодоров и останатите се вклучи и Црквата, преку митрополитот Петар и свештениците. Луѓето кои добија пасоши за гласање, јас не бев сведок, ги добиле преку ноќ, биле повикувани телефонски, се фотографирале во црквите на лице место, се пополнувале формуларите, ги враќале во Македонија, се правеле пасошите и ги враќале назад во Австралија…
Така, се создаде едно гласачко гето во Мелбурн, од околу 550 гласачи, и со овие гласови беше избран за пратеник Милорад Додевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Јас, како активист во Австралија, имав само 13 гласови и биеја шега, мајтап играа со мене, оти сум добил 13 гласови. А, немав ни можност, ни услови, зашто условите коишто се кажуваа во медиумите и на терен, не беа исти.

Интервјуто во целост прочитајте го ОВДЕ