(ВИДЕО) НОВО УЧИЛИШТЕ И НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ХИПОДРОМ

0
1890

Нова модерна училишна зграда доби ООУ „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром. Изградена по светски стандарди, со нов училишен мебел соодветен за различната возраст на учениците, опремени кабинети и училишни лаборатории со наставни помагала и смарт табли. Новата училишна зграда овозможува и пристап на лица со инвалидитет, а внатре во објектот е поставен и посебен лифт. Поддршката од страна на Влада на Република Северна Македонија ни значи многу, нашата соработка продолжува со изградба на нова училишна сала за ова училиште.