(ВИДЕО) НОВИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗНМ, МЛАДЕН ЧАДИКОВСКИ СО ГОВОР ПРЕД НОВИНАРИТЕ : Достоинствено ќе ги претставувам новинарите!

0
1225

Насер Селмани му го предаде кормилото од ЗНМ на Младен Чадиковски, кој што ќе го претставува здружението во следните четири години. Чадиковски освои 86, а противкандидатот Столе Наумов, освои 77 гласа.

Новиот претседател вети дека достоинствено ќе ги претставува новинарите и дека ќе работи за подобрување на позицијата на новинарите во општеството, професионално со сите права кои им следуваат по закон.

Досега, функцијата претседател на ЗНМ во два мандати ја вршеше Насер Селмани. Новиот претседател да се занимава сериозно со реформите во јавниот сервис, да ги расчисти нападите врз новинарите и да се откаже од идејата за финансирање на приватните медиуми со државни пари, бидејќи тоа претставува потенцијал за мешање во уредничката политика.

Мери Јордановска, Адриан Керими, Наташа Стојановска, Семи Мехмети и Ирена Мулачка се избрани за членови на Надзорниот одбор. Нови членови на Управниот одбор се Фиљана Кока, Фуркан Салију, Среќко Поповски, Аднан Ајдари, Сашка Цветковска, Мишко Иванов, Сашко Димевски, Бењамин Арифи, Слободанка Јовановска и Зоран Димитровски. Во Советот на честа ќе бидат Мира Костиќ, Сенад Зилбеари, Арбен Зекири, Семра Јакупи и Горан Лефков.