(ВИДЕО) Николовски: Нова Кривична пријава за злоупотребите во МЗШВ преку фирмите на Апашот

0
913

Lj.Nikolovski-735x400Заедно ги потврдивме бројните злоупотреби на штета на земјоделците, преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Го покажавме криминалот на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и го докажавме.

Заедно продолжуваме да ги браниме интересите на вистинските земјоделците и на сите граѓани во Република Македонија.

Не застануваме. Правдата, слободата, демократијата, заедно ќе ги вратиме.

Денеска поднесов нова Кривична пријава за веќе објавениот скандал во МЗШВ со исплатите на фирмите во сопственост на семејството на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димитриев-Апашот.

Кривичната пријава до Основното јавно обвинителство е против поранешниот министер за земјоделство, Љупчо Димовски, против директорот на Платежна агенција, Тони Димовски и против Виолета Димитриева, сопруга на Апашот.

Врз основа на доказите со коишто располагаме постои основано сомнение дека спротивно на законите и прописите во Република Македонија склучиле договори за цесија тешки стотици илјади евра за фирмата Корал од Демир Капија.

Сопругата на градоначалникот Виолета Димитриева, иако била избришана од Централен регистар и како управител и како сопственик на Корал, го склучува договори и потпишува во име на фирмата.

Договорот е потпишан од министерот Димовски, само со потпис од сопругата Димитриева, без печат на фирмата. Тоа не било проблем ниту за директорот на платежната агенција експерно, во еден ден да ги исплати парите.

На овој криминален начин, наместо кај вистинските земјоделци парите завршувале во фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ.

Ова е уште еден пример зошто правда во Република Македонија мора да има.

Ова е уште еден доказ зошто досега ниту една аболиција од Иванов не е поништена.

Никола Груевски преку нарачаната аболиција кај Горге Иванов сака да се спаси од одговорнста за криминалот.

Правда ќе има. Аболицијата мора целосно да се поништи и ќе се поништи.

Секој што го прекршил законот мора да одговара и ќе одговара.