(ВИДЕО) Николовски: На граѓаните во Арачиново треба да им се помогне

0
1134

Изјава за медиуми,
Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ
Скопје, 27.08.2016

Три недели после поплавите, Владата и Градот Скопје остануваат глуви за состојбата во Арачиново.

Медиумите јавија за ова мочуриште со остатоци од удавени животни кои се нашле на удар од поплавата. Овде постои сериозен ризик од зарази од бактерии кои се опасни по животот на жителите од Арачиново, но и пошироко – по граѓаните од Скопје.

На овие семејства, деца и наши сограѓани треба да им се помогне.

Оваа потенцијална зараза мора да се отстрани.

Ние сме тука да помогнеме, да подадеме рака и да гарантираме дека ваква катастрофа уште еднаш не смееме да си дозволиме.

Дождови ќе има и понатаму, но ваквата неодговорна власт станува прескапа за македонските граѓани, не само во пари туку и во човечки животи.

Доаѓа време на одговорност и време на подобар живот!