(ВИДЕО) Николовски: Мора да има одговорност за неисчистените одводни канали

0
1018

Изјава за медиуми на Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ

Неисчистените канали за одводнување на потегот Камник-Синѓелиќ-Стајковци-Брњарци и Арачиново покажа дека невремето не може да биде оправдување за потфрлањето на институциите.

Се потврди се она што го тврдевме.

Додека огромни суми на пари, преку програмата за рурален развој, на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица блиски на власта, каналите останаа неистичени.

Злоупотреби со парите на граѓаните, тешки 3 милиони евра, потврди и Државниот ревизор. На сомнителен начин парите завршиле во нечии џепови наместо за чистење на каналите.

Парите за наводно исчистени канали ги добивале лица или фирми, само врз осова на барање и на документација, без притоа овластени контролори на Платежната агенција да ја проверат на терен фактичката состојба и да направат и да достават записник!

Не се вршеле контроли и пред одобрување на барањата, што е нова можност за злоупотреби – едно да е наведено во барањето, друга да е ситуацијата на терен.

За овие злоупотреби поднесовме и кривична пријава за министерот Цветков.

Јавното обвинителството за организиран криминал треба да се охрабри и да ги забрза постапките поврзани со оваа кривична пријава.

Да беа исчистени и одржувани каналите за одводнување катастрофата што ги зафати граѓаните од околината на Скопје ќе беше многу  помала со многу помали последици.

Политичка, морална и кривична одговорност мора да има.

Пустошот што го остави невремето во околината на Скопје сега создава нови проблеми за граѓаните и земјоделците.

Земјоделците молат за добиточна храна и бараат целосно 100% обештетување што поскоро.

Новата, одговорна влада предводена од СДСМ целосно ќе ги обесштети граѓаните и земјоделците.