(ВИДЕО) Николовски : Мизрахи исполнува нарачки на Груевски и Мицкоски и ги загрозува односите со соседите и стратешките цели на државата

0
792

Прес-конференција, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

Јавноста деновиве на дело гледа што значи враќањето назад за кое постојано зборува извршителот Христијан Мицкоски.

Министерката во преодната Влада, Рашела Мизрахи, кадар на Никола Груевски и послушничка на Мицкоски го крши Уставот и го погазува историскиот Договор од Преспа.

Однесувањето на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ и дополнителните заменици министри, ги проблематизираат односите со соседите и прави директна штета на стратешките цели на нашата татковина,а тоа се членството во ЕУ и НАТО.

При стапување на функција Мизрахи даде заклетва дека ќе ги почитува Уставот и законите на Република Северна Македонија.

Истата таа Мизрахи нема проблем со уставното име кога прима плата од Буџетот на Република Северна Македонија, но наводно има проблем кога треба да одработи за Мицкоски и Груевски.

Мизрахи треба да знае дека нејзиниот мандат во преодната влада е во функција на слободни и демократски избори и ништо повеќе, а не е да исполнува агенди и нарачки на Мицкоски и Груевски против ЕУ и НАТО.

Договорот од Преспа го овозможува нашето членство во НАТО и ЕУ и секое негово загрозување е на директна штета на врвните национални интереси на државата и на сите граѓани.

Без Договорот од Преспа нема ЕУ, нема НАТО. Без Договорот нема пристап до европски фондови, нема стабилност, нема нови странски инвестиции,нема подобар живот за младите. Има само изолација, несигурност и неизвесност.

Со непочитувањето на Договорот од Преспа ВМРО-ДПМНЕ сака да ги загрози политичките и економските односи со Грција, да предизвика нови економски и политички блокади, и да не врати децении назад во излација и нови неизвесни преговори.

Но тоа, СДСМ, граѓаните и демократските сили кои што се на една страна, нема да го дозволат.

Нема враќање назад. Тој филм Мицкоски нема да го гледа.

Државата ќе продолжи напред кон полноправно членство во НАТО за неполн месец и членството во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ, Мизрахи, Мицкоски и Груевски ќе доживеат нов пораз на овие антидржавни и анти европски политики на 12 април.

Граѓаните повторно ќе ги казнат овие политики и ќе потврдат дека сме на прав пат, пат на прогресот, интерграцијата и економскиот раст на државата.

Граѓаните на 12 април ќе порачаат режим – никогаш повеќе!