(ВИДЕО) Николовски: Криминалот на Никола Груевски преку злоупотреби во државните институции целосно го потврдивме

0
928

Lj.Nikolovski-11.04.2016-685x320„Криминалот на Никола Груевски преку злоупотреби во државните институции целосно го потврдивме.

Злоупотреби со земјоделските субвенции, наместени тендери, корупција, незаконски и фалсификувани договори, задоволување на бизнис партнерите блиски на власта на штета на земјоделците, судир на интереси, непотизам, узурпирање на земјата на вистинските земјоделци, злоупотреба на ресурсите на ова министерство. Ова е билансот после само 4 месеци од влегувањето на опозицијата во Министерство за земјоделство, шумарстсво и водостопанство“, рече Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.

„Затоа Никола Груевски, во обид да ја спаси сопствената кожа, бега од фер и демократски избори и постојано го прекршува Договорот од Пржино.

Затоа избирачкит список не е прочистен, затоа нема реформи во медиумите.

Лажните, измислени анкети коишто власта ги пласира деновиве, преку медиумите платени со пари на граѓаните, не може да ја променат реалноста.

Граѓаните знаат. Покрај сите опструкции и прекршување на пржинскиот договор во делот на достапност до информации и докуемнти, докажавме – Министерството за земјоделство е параван за злоупотреба на земјоделските субвенции и крадење на парите на граѓаните.

Докажавме:

– Милиони евра преку Платежната агенција завршуваат во џебовите на луѓе и фирми блиски на Груевски и фамилијата.

-5 милиони евра за Трансмет на Сеад Кочан, сопственикот на „НоваТВ“, за финансирање на медиумскиот мрак.

-Стотици илјади евра за Силекс Неметали, фирма на Горан Ивановски, син на коалицискиот партнер на Груевски, Љубисав Иванов – Ѕинго кој е сопственик и на „Сител телевизија“.

-Незаконски тендери за браната Конско тешки 33 милиони евра,

-Самоволието и безаконие на функционерите, пулените на Груевски, се на директна штета на вистинските земјоделци.

-Христијан Делев неовластено потпишува незаконски договори со кои ги ослободува од плаќање закупнина за повеќе години и илјадници хектари земјоделска земја три фирми, блиски до власта.

-Градоначалникот на Демир Капија -Трајче Апашот преку фирма на неговата сопруга заедно со поранешниот Министер Љупчо Димовски и тогашниот директор на Платежната агенција – Тони Димовски договори со неовластени лица за исплата на стотици илјади евра земјоделски субвенции.

-Илија Србиновски – локален моќник против кој обвинителството започна постпаки за утврдување на злоупотреба за службена должност и овластување за склучување на незаконски договори и судир на интереси.

– Се извезува огревно дрво во Грција додека им се наплаќа на граѓаните по повисоки цени,
– Миленко Неделковски добива 183 хектари пасиште за околу 60 кози,

-Не се поштедени ниту граѓаните – 5 месеци не функционираат системот за контрола на безбедноста на храната во АХВ.

За овој криминал што го откривме во Министерството за земјоделство следува одговорност. Ништо не може да му помогне на Никола Груевски и неговите пулени.

Во Македонија ќе има само слободни фер и демократски избори, преку прочистен избирачки список и реформи во медиуми.

Или Груевски или Македонија. Заедно стоиме на страната на Македонија“, изјави Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ.