(ВИДЕО) Николовски: Кривични пријави за огромниот скандал со злоупотребата на субвенциите

0
1401

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го потврди скандалот со исплата на субвенции на фирмата Корал, со потпис на Виолета Димитрова, сопруга на градоначалникот на Демир Капија од ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димитриев-Апашот.

Лицето Виолета Димитрова на 11.12.2012 година е избришана од ЦРМ и како сопственик и како управител на фирмата Кирал а на ден 18.09.2013 година, десет месеци откако нема никаква врска со оваа фирма, потпишува договор со министерството и платежната агенција и тоа без печат на фирмата“, рече Љупчо Николовски, дополнителен заменик-мнистер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Како смеел министерот Љупчо Димовски да потпише цесија на која нема печат од правното лице кое е исто така страна во тој договор?

Како може тогашниот директор на Платежната агенција Тони Димовски да се потпише наистиот договор за цесија и експресно, за еден ден, да донесе решение за исплата на земјоделските субвенции?

Нема оправдување за ваквото противзаконско работење на штета на вистинските земјоделци.

Наша законска обврска е откривање на злоупотребите и манипулациите како и пријавување на прекршувањата на законот без разлика за кого станува збор.

Затоа најавуваме кривични пријави за поранешниот министер Љупчо Димовски и тогашниот директор на Платежната агенција Тони Димовски.

Нема да дозволиме никој да ги злоупотребувала парите на вистинските земјоделци за да се богатат поединци.

Законот мора да важи за секој. Секој што го прекршил законот мора да одговара“, изјави Љупчо Николовски, дополнителен заменик-мнистер за земјоделство, шумарство и водостопанство.