(ВИДЕО) Николовски: Искористеноста на ИПАРД 2 од 99 отсто е доказ за успешните земјоделски политики на СДСМ

0
826

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска беше во посета на Тиквешкиот регион каде се сретна со граѓани, земјоделци, фармери и лозари.

Во изјава за медиумите, Николовски се осврна на мерките што СДСМ како предводник на Владата ги презема во последните две и пол години, а кои имаат за цел да ги унапредат условите за работа и животниот стандард на земјоделците.

Последен доказ за успешноста на земјоделските политики на СДСМ, посочи Николовски, е целосната искористеност на ИПАРД 2 програмата.

„За првпат нашата земја Република Северна Македонија е лидер во искористеноста на ИПАРД, за првпат не ги враќаме назад парите кои ни се ставени на располагање. Со олеснети административни процедури, со едукација, со олеснет пристап до фондовите и зголемен број повици, се создадоа услови за првпат државата да не ги враќа парите назад. Напротив, 99 отсто од целокупниот износ за годината е исплатен, станува збор за неповратни средства од околу 12 милиони евра кои се веќе исплатени кон земјоделците. Вкупно во целиот период на ИПАРД 2 се склучени вкупно околу 1.500 договори во вредност од околу 32 милиони евра. Тоа ни дава за право да веруваме дека засилената искористеност на фондовите ќе продолжи и во иднина, посочи генералниот секретар Николовски.

Осврнувајќи се на мерките битни за лозарите и винопроизводителите, Николовски истакна дека Владата предводена од СДСМ вреши и еден долгогодишен проблем со предаденото а неплатено грозје од страна на винарниците Повардарие и Стефани, а преку измените на Законот за вино, обезбеди подобри услови за малите винарии.

„Донесовме посебен Закон со кој исплативме 2.048 лозари кои конечно ги добија парите за предаденото грозје, а со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој опфатени се и оние 680 лозари кои не беа опфатени претходно и сега проблемот со долговите е целосно надминат. Во овие две и пол години носевме закони кои се во интерес на земјоделците и граѓаните. Во таа насока беа и измените на Законот за вино со кој дополнително ги поттикнавме малите винарии многу полесно да ја вршат својата дејност. Досега, сите мали винарии, кои произведуваат до 100.000 литри вино годишно мораа да имаат вработен енолог, а сега со измените еден енолог може да биде ангажиран од повеќе винарии“ истакна Николовски.

Во изјавата Николовски најави и скора реализација на целосно модернзиирање на системот за наводнување во селото Пепелиште.