(ВИДЕО) Николовски : Имаме план како да се одблокира собранието да се избере спикер и нова Влада, со криминалци не одиме на лидерска средба

0
1473

Одговори на новинарски прашања
Љупчо Николовски
Скопје, 05.04.2017

Медиуми: Николовски во СДСМ имате план за одблокирање на Парламентот и ако имате кога ќе го објавите? И од друга страна кога очекувате со чекање пратениците на ВМРО ДПМНЕ сами да се откажат од реплики и контрареплики?

Николовски: Она што во овој момент можам да го кажам за целата јавност е дека СДСМ и коалицијата има и стратегија има и конкретен план и дозволете во даден момент да го реализираме тој план и таа стратегија во интерес на деблокирање на Собранието. СДСМ, коалицијата и коалиционите партнери заедно со овие 67 потписи и 67 пратенички мандати има право, но и обврска и овие 67 пратеници ќе изберат претседател на Собранието, ќе го деблокираат Собранието и ќе ја изберат новата реформска Влада. Како што напоменав тоа не е право, тоа е обврска којашто ни ја дале 700.000 граѓани во државата и нема да дозволиме никаков терор и нема да дозволиме никој да не спречи во нашата обврска токму ова демократско мнозинство со легитимитет да избере претседател на Собранието и нова Влада. Кога тоа ќе го направиме? Дозволете таа стратегија и тој план да не е преку медиумите туку конкретно биде операционализиран и со тоа да Собранието го деблокираме, да престане оваа заштита на огромниот криминал и на милијардите изнесени од Македонија и да дојде нова демократска и реформска Влада која ќе работи единствено во интерес на граѓаните. Ќе повторам не е право, само право, никој нема право да ни се заканува и никој нема право да спречи демократското мнозинство во Парламентот да избере спикер и да избере нова Влада и ние тоа ќе го направиме.

Медиуми: Што значи напуштањето на седницата?

Николовски: Напуштањето на седницата, ние денеска преку нашиот потпретседател кој имаше изјава во Парламентот со којашто кажавме дека ќе се откажеме од репликите, но строго ќе ја критикуваме процедурата односно строго ќе го критикуваме Трајко Велјановски за прекршувањето на Деловникот, на Уставот и на сите позитивни законски норми во државата. Тоа ќе продолжиме да го правиме заради тоа што никој нема право и никој нема мандат да го крши Деловникот и Уставот на Р.Македонија.

Медиуми: Дали е ова еден начин од вашата стратегија?

Николовски: Ние стратегијата ќе ја презентираме, и планот ќе го реализираме во даден момент и тоа ќе значи избор на спикер во Парламентот и избор на нова Влада во Р.Македонија. До тој момент ќе ги користиме сите механизми којшто ни ги дал Уставот, законите и Деловникот на сите нас како легитимни претставници на мнозинството граѓани во Р.Македонија и само мнозинството во Парламентот може да носи одлуки, да избере Влада, да избере спикер и тоа е одлика на демократијата во една земја и ние тоа ќе го направиме.

Медиуми: Зошто се чека, зошто не ги презете тие чекори веднаш ако ги имате?

Николовски: Ќе повторам, согласно Уставот законите и Деловникот, ние ќе ги преземеме сите механизми да го одблокираме Собранието, да избереме спикер и да избереме нова реформска Влада и сето тоа да биде во интерес на секој граѓанин на оваа држава.

Медиуми: Се враќате ли во салата по паузата?

Николовски: Апсолутно да.

Медиуми: Дали барање за лидерска средба е еден од начините за излез од кризата?

Николовски: Со криминалци, луѓе кои ја доведоа Македонија во оваа криза, не планираме ниту да преговараме, ниту да се договоараме. Граѓаните на оваа држава нам ни го дадоа легитимитетот, нам ни го пренеле суверенитетот, како оформено демократско мнозинство во парламентот и токму овие 67 пратеници во СОбранието ќе ја реализираат стратегијата за избор на претседател на Собранието и избор на новата реформска Влада. Во Македонија мора да има суштински и коренити реформи. Мора да биде реализиран и спроведен Извештајот на Прибе и итните реформски приоритети. Македонија е пред крупни реформи со кои се враќа правдата во државата и секој ќе мора да одговара за секоја постапка. Ние сме сведоци на инкриминирано раководство на ВМРО-ДПМНЕ кое е обвинето за сериозни кривични дела и затоа, токму ова легитимно и демократско мнозинство во Парламентот ќе ги преземе сите механизми кои ни стојат на располагање.

Медиуми: Да прецизираме, што значи ова Апсолутно да дека ќе се враќате во Собранието? Ќе се вратите сите пратеници или ќе останат само неколку?

Николовски: Ова е еден циркус кој е на директна штета на граѓаните и дозволивме граѓаните прво да го погледнат овој циркуз и да знаат какви се пратеници седат во Парламентот и што тие пратеници штитат. Нашата пратеничка група, односно токму овие 67 пратеници кои создадваат мнозинство се за реформи, за коренити промени во државата. Ние сме ја добиле таа обврска и нема да легитимираме ваков циркус и една ваква небулозна дебата која е наметната во Собранието. Наместо да се разговара за развојот, за проектите, за она што граѓаните ни дале мандат, ние понатаму не планираме да даваме легитимитет на оваа небулозна дебата која што е наметната во Собранието, се со цел да се спаси нечија кожа. И нашата порака е јасна, нема да прифатиме амнестија на криминалот и амнестија на криминалот нема да има