(ВИДЕО) Николовски: Изборниот криминал на Никола Груевски е целосно потврден

0
1357

„Денеска сме помеѓу жителите на Радовиш, да ги слушнеме нивните проблеми.

И жителите на Радовиш се сведоци на вистината којашто излезе на виделина, дека над 330 илјади гласачи, за коишто ДИК, едногласно усвои извештај дека се сомнителни.

Ова е доказ за криминалните избори коишто биле спроведувани од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ја повикуваме Државната изборна комисија да најде начин како сите овие спорни гласачи да бидат проверени и сите оние што е потребно да бидат избришани од избирачкиот список.

Тоа е дел од Договорот од Пржино, согласно Изборниот законик и на кој начин ДИК ќе обезбеди гаранција за демократското право еден човек-еден глас“, изјави Љупчо Николовски, член на Извршен одбор на СДСМ и дополнителен заменик министер за земјоделство.

„Избирачкиот список мора да се прочисти целосно. Сите политички чинители да имаат целосна доверба во процесот на чистење на избирачкиот список.

За слободни, фер и демократски избори мора да има чист избирачки список и слободн регулирање на медиумскиот простор.

Се со цел, изборите да биде релевантни, кредибилни и зад коишто ќе застанат сите граѓани во Република Македонија. На такви избори Никола Груевски ќе се соочи со еден огромен пораз.

Тоа ќе биде победа на демократските сили во Македонија. По демократските промени секој што го прекршил законот ќе мора да одговара, пред лицето на правдата“, рече Николовски.