(ВИДЕО) Николовски: Блокадата на Собранието мора да прекине, трпат земјоделците, граѓаните, државата!

0
963

Прес конференција,
Љупчо Николовски
Скопје, 05.04.2017

Почитувани граѓани,

Оваа ситуација со блокадата на Собранието е неодржлива и мора веднаш да прекине, затоа што се одразува на директна штета на граѓаните на Македонија.

Мора да се формира што побрзо новата реформска Влада којашто веднаш ќе ги исплати заостанатите субвенции на земјоделците и ќе овозможи редовни и повисоки субвенции.

Раководните кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Платежната агенција и во Министерството за финансии буквално си играат со егзистенцијата на илјадници семејства на земјоделци со мали деца.

Ако од Платежната агенција има налози до Министерството за финансии, зошто Министреството за финансии не ги исплаќа субвенциите на луѓето?

Ако Министрството за финансии нема пари, Кирил Миноски мора веднаш да одговори каде отидоа над 300 милиони евра од задолжувањата направени од почетокот на годината до денес ? И што е поважно од интересите на граѓаните?

Станува збор за задоцнета исплата на субвенции за 2016 година, 2015 па се до 2012 година!

Несериозните кадри на ВМРО-ДПМНЕ прво менуваа директори, дадоа откази, па потоа се правдаа со процедури, но тука е крајот.

Јасно е и за домашната и за меѓународната јавност. Недостига здрав разум за да се овозможи развој на демократските процеси во интереси на граѓаните и на државата.

Досегашната криминална власт на ВМРО-ДПМНЕ до последен ден е подготвена да
работи за криминалите со кои трупаат богатства на свои сметки. И во феруари и март, приоритет им биле нафтени платформи, тендерите и бизнисите на Мијалков и Груевски!

Ете затоа Трајко Велјаноски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Горге Иванов, мора веднаш да се ослободат од директивите со криминална позадина од криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ и да дозволат да се изберат новиот собраниски претседател и новата демократска и реформска Влада.

Тоа ќе значи исплата на субвенциите за земјоделците, но и решавање на сите други важни прашања од интерес за сите граѓани на Република Македонија.